10 повредени – сообраќајка меѓу 3 возила, едното странско

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случила, доцна попладнево во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово.

Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност.

„Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции“ изјави Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.

Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки.

Поради сообраќајката создадена е колона возила, но набрзо се очекува да заврши увидот и да се нормализира сообрајќајот.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он