1.000.000 денари за подобрување на условите за живот на Ромите во Штип

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, денес оствари средба со Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Неждет Мустафа.

На средбата се разговараше за проектите што се дел од акцискиот план за декадата на Ромите, а треба да бидат реализирани со помош на Општина Штип, како и за активностите што треба да бидат преземени со цел подобрување на животниот стандард на ромската популација во Штип.

На средбата се разговараше и за новата ромска населба, која треба да се изгради во непосредна близина на Мирјанината црква. Во новата ромска населба треба да бидат изградени 96 нови бараки со површина од 25м2, кои ќе обезбедат пристоен живот за неколку десетици семејства од ромска популација.

„Од 2010 до 2012 година на локалната самоуправа на општина Штип ѝ имаме помогнато со средства во висина од 5.500.000 денари, кои беа наменети за подобрување на инфраструктурата на населеното место каде што живее ромската заедница. И оваа година, како и до сега, ќе учествуваме во проектите на Општина Штип со средства во висина од 1.000.000 денари, а исто така со градоначалникот ќе работиме на подобрување на животните услови на ромите“, изјави министерот Неждет Мустафа.

Градоначалникот Илчо Захариев истакна дека во иднина ќе се продолжи со активностите што имаат цел подобрување на условите за живот на ромското население во Штип, а со цел Штип да стане пријатно место за живеење за сите граѓани.

stis (1)

Во однос на проектот за изградба на новата ромска населба, министерот Неждет Мустафа изјави дека се работи со забрзано темпо и дека се надева дека наскоро ќе бидат доделени клучевите од новите бараки на загрозени ромски семејства.

Министерот Неждет Мустафа не одговори на прашањето за висината на средствата со кои ќе партиципира Владата на Република Македонија во изградбата на овој проект, како и за вкупниот износ на овој проект, бидејќи најнапред требало да се изработи Детален урбанистичкиот план и да се допрецизираат одредени сегменти од овој проект, а потоа да се утврди колку тој ќе чини.

stis (2)

Би можело да ве интересира

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство