(ВИДЕО) Досие „Мерко“: 329 решенија за уривање дивоградби во Струга седат во фиока, 44 објекти се на крајбрежјето

Од:

Струга има 329 дивоградби за кои општинските градежни инспектори имаат изготвено активни решенија за уривање, дознава „А1он“. Ниту еден од овие објекти не може да биде легализиран, бидејќи се изградени по 2011 година. Од нив, 44 објекти се на крајбрежниот заштитен појас.

Општината има и 4.040 дивоградби кои треба да се отстранат бидејќи барањата за легализирање им се одбиени. Наспроти овие податоци, Мерко во неколку наврати уверуваше дека во Струга нема дивоградби.

Бројот на издадени решенија за крајбрежјето не се совпаѓа со фактичката состојба на терен. „А1он“ ги пребројуваше крајбрежните објекти кои се изградени на државно земјиште на крајбрежјето, објекти поставени на платформи во езерото, но и оние на приватен имот без дозвола.

Повеќе во видео истражувањето на „А1он“.

Продолжува…

Претходно: Досие „Мерко“: 14 кривични пријави, една процесирана, ниту една пресуда

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Градоначалникот Мерко е осуден со 10.000 евра парична казна

Петковски: Обвинителството не докаже дека Мерко е виновен за незаконско назначување директори во три училишта

Горан Наумовски

Мерко не сторил кривично дело кога купил луксузно „ауди“

Горан Наумовски

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Од почеток почна судскиот процес против градоначалникот Мерко за набавката на автомобил „ауди А6“

Горан Наумовски