Зошто сè повеќе компании избираат фиксна цена на електричната енергија?

Од:

Во време кога цените на електричната енергија на европските берзи се менуваат под влијание на глобалните економски и геополитички случувања, предвидливоста станува еден од најважните фактори за успешно управување со компаниите. Наместо постојано да се приспособуваат на пазарните осцилации, сè повеќе бизниси избираат договори со фиксна цена кои им овозможуваат стабилност и полесно финансиско планирање.

За компаниите, електричната енергија не е само оперативен трошок, туку важен дел од вкупните расходи. Кога цената е однапред позната, менаџментот може попрецизно да ги планира буџетите, инвестициите и развојните активности, без страв од ненадејни ценовни шокови.

„Во динамичен енергетски пазар, компаниите сè повеќе бараат сигурност и предвидливост. Фиксната цена им овозможува полесно да ги планираат трошоците и да се фокусираат на развојот на својот бизнис, наместо на неизвесноста од дневните движења на пазарот“, вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Следејќи ги потребите на бизнис-заедницата, ЕДС воведе нов тарифен модел кој нуди фиксна цена на електричната енергија во период од две години . Со овој модел компаниите добиваат долгорочна ценовна стабилност, а како дополнителна придобивка имаат можност да изберат и вреден подарок, што претставува дополнителна вредност за клиентите.

Изборот помеѓу фиксна и променлива цена зависи од потребите и профилот на потрошувачката на секоја компанија. За бизнисите кои сакаат стабилни и предвидливи трошоци, фиксната цена претставува решение што овозможува полесно буџетирање и подобра заштита од пазарните осцилации.

Како дел од PPC Group, ЕДС не нуди само снабдување со електрична енергија, туку и советување при изборот на најсоодветниот тарифен модел, со цел секоја компанија да добие решение што најдобро одговара на нејзините потреби.

Во услови кога управувањето со трошоците е клучно за конкурентноста, изборот на соодветен модел за снабдување со електрична енергија станува стратешка деловна одлука. За многу компании, фиксната цена не претставува само заштита од ценовни промени, туку и сигурна основа за долгорочно планирање и стабилен раст.

ПР текст

 

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 06 ноември 2026 изнесува 307,07 евра за мегават час, на МЕМО 314,68 евра за мегават час

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

ЕДС меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час

ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност