Значителен пад на производството на вино во 2017 година

Од:

Поради лошите временски услови во Европа, глобалното производство на вино лани паднало на најниско ниво во изминатите 60 години, соопшти денеска Меѓународната организација за вино ОИВ.

Во 2017 година биле произведени 250 милиони хектолитри вино, што претставува пад од 8,6 проценти во споредба со 2016 година и е најслаб годишен резултат од 1957 година. Производството на вино во земјите на Европската Унија падна 14,6 проценти на 141 милион хектолитри, пред се поради студената зима и лошите временски услови. Само во Италија, производството паднало за 17 проценти, на 42,5 милиони хектолитри, а француското производство е намалено за 19 проценти, на 36,7 милиони хектолитри.

Во другите големи вински региони, производството во 2017 година било релативно стабилно, при што САД се етаблираат како четврти најголем произведувач во светот, а Кина се искачи на седмото место. Потрошувачката, пак, стабилно расте, и изнесувала 243 милиони хектолитри. САД се најголеми потрошувачи, следени од Франција, а во Кина трета година по ред забрзано расте побарувачката на вино, и веќе изнесува половина од американската побарувачка.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

A1on

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино