Цента на златото денеска се искачи над 1.900 долари за унца, за првпат од првата половина на септември 2011 година.
На њујоршката берза „Комекс“ цената на златото за испорака во август денеска се зголеми за 0,74 проценти или за 13,35 долари и се тргуваше за 1.9902,95 долари за унца.
Својата највисока цена од 1.911,6 долари за унца, благородниот метал ја имаше подоцна во септември 2011 година.
Златото е традиционална заштита за инвеститорите во време на економска криза, кога понудата расте, а со неа и цената. И пред почетокот на пандемијата на коронавирусот, централните банки во светот забрзано таложеа резерви од благородниот метал, а овој тренд се забрза со негативните економски ефекти од Ковид-19 и прогнозите за долготрајна светска криза.
И среброто бележи раст на цената од 1,41 отсто и се продаваше за 22,663 долари за унца за испорака во септември.