Златни медали за македонско вино на натпревар во Германија

Од:

Црвените вина „Вердо“ и „Веритас“ од бербата од 2013 година од македонската винарија „Стоби“ освоија златни медали на пролетното издание на престижниот натпревар „Мундус вини“ кој се одржа во Германија на крајот на февруари.

Учествуваа околу 150 вински региони од целиот свет, а ги оценуваа 200 експерти од 44 држави.

Покрај „Вердо“ и „Веритас“, белото вино „Р’кацители“ од бербата од 2015 година го доби сребрениот медал.

„Мундус вини“ се смета за еден од најценетите натпревари во винскиот свет со тоа што годинава беa пријавени рекорден број од речиси 6200 вина.

„Стоби“ од отворањето во 2008 година па досега има добиено голем број на медали на престижни натпревари во Франција, Велика Британија, Германија, Чешка, Бугарија итн. Винаријата годишно произведува околу 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино распределено во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални. Најголемиот дел од виното се пласира на странските пазари меѓу кои и во САД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8