„Железници транспорт“: Штрајкот е незаконски, вработените редовно примаат плата

Од:

Штрајкот на машиновозачите е незаконски, бидејќи не бил организиран согласно законот за работни односи и колективниот договор на компанијата, соопштуваат од „Железници транспорт“.

„Истиот не е предизвикан од социјален момент и условите за извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал кој има тримесечен просек на плата од 50.808 денари“, се вели во соопштението на компанијата во врска со штрајкот.

Оттаму додаваат велат дека во услови на пандемија и енормно зголемена цена на електричната енергија редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените, а во изминатиот период се зголемени и нивните плати. Исто така најавуваат дека во следното соопштение ќе ги соопштат имињата на машиновозачите кои штрајкувале и кои возови не сообраќале во овие два дена додека трае штрајкот.

Машиновозачите втор ден штрајкуваат со барање да го добијат вториот дел од декемвриската плата.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски