Локомотивата со број 462-002, која беше надвор од употреба повеќе од пет години, од денеска ќе профункционира, соопштија од Македонски железници АД Транспорт.
„Денеска сме тука да прославиме еден од нашите успеси, по цели шест месеци посветеност. Многу е важно да се спомене фактот дека за поправка на оваа локомотива заштедивме 500.000 евра со тоа што ја извршивме потребната поправка со сопствени капацитети што ги поседуваме. Нашата работа и визија беше ова, со максимална посветеност на секои 5-6 месеци да пуштиме во употреба локомотива која со години и години беше нефункционална“, соопштија од МЖ Транспорт.
Очекувањата на Македонски железници се дека ставањето во функција на оваа локомотива ќе ги зголеми приходите на еден од најголемите загубари во Македонија.