Жак Делор: Грција останува европски проблем

Од:

о написот објавен во париски „Ле Монд“ и потпишан од Паскал Лами, Антонио Виторино и Жак Делор, тројцата оценуваат дека Грција ќе остане „проблем” за Европа, без разлика на исходот од демешниот референдумот, јавува дописникот на МИА од Париз.

За поранешниот претседател на Европската комисија, „станува збор да се сфати кога ММФ сака да игра педагог во грчката криза“.

Тројцата лидери на институтот Жак Делор, сметаат дека „ би било погрешно на крчката криза да се гледа само од гледна точка на економските и финансиските последици за грчкиот излез од еврозоната.“ За нив, на грција не треба да се гледа „само со очилата“ на Меѓународниот монетарен фонд, но исто така и со оние на Организацијата на Обединетите нации.

„Односно на неа треба да се гледа како на земја која и припаѓа на Балканот, чија нестабилност не мора да биде охрабрена во овие времиња на војна во Украина и Сирија и на терористички закани, без да се заборави и на кризата со миграцијата“, додаваат тие.

Грците денеска се изјаснуваат за предлозите на кредиторите на Грција. Премиерот Алексис Ципрас, се обидува овие денови да ги мобилизира своите приврзаници во корист на “не”, додека “да” добива на замав во јавното мислење во Грција. Некои аналитичари стравуваат од излез од еврозоната или „голем скок во непознато”, како што тоа беше коментирано од страна на францускиот претседател Франсоа Оланд минатиот четврток.

„Се работи за разгледување на еволуцијата на Грција од геополитичка гледна точка, како европски проблем, и кој ќе остане европски”, заклучува Жак Делор.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент