Зголемување на акцизата за нафтените деривати, една од мерките за справување со економската криза предизвикана од COVID-19

Од:

Овие денови светот се соочува со предизвик за кој ниедна држава не е спремна. Вирусот COVID-19 од темел го промени начинот на живот на луѓето, а со тоа се нанесоа и големи штети врз економијата, штети чии размери сеуште никој не може докрај да ги предвиди.

По економската криза во 2008 година, светот подолг период имаше економска експанзија која по сите параметри требаше да продолжи и оваа година.

Паниката и неизвесноста како и намаленото движење на луѓето создадоа криза во економијата нестандардна во своите карактеристики, бидејќи истата не е предизвикана од дисбаланс на пазарот.

Република Северна Македонија не е исклучок од овие економски нарушувања. Покрај сетот, мерки предложени и применети од страна на Владата, Стопанската комора на Македонија предложи сет на мерки, кои вреди да се разработат земајќи предвид дека многу европски земји имаат преземено вакви или слични чекори во борба со неизвесноста од ефектите против коронавирусот.

Преку овие мерки се предвидува да биде зголемена специфичната акциза на нафтените деривати, која би овозможила поголеми приходи во државниот буџет.

Идејата е преку зголемување за два денара на постојната акциза за безоловен бензин и за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво), како и изедначување на акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) со акцизата за дизел горивото, во буџетот на државата да се акумулираат 3,8 милиони евра месечно, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Со цел да се регулира трговијата, во сетот на мерки се предвидува и укинување на можностите екстралесното гориво ЕЛ-1 да се користи како погонско гориво, односно се предлага да се укинат одредбите од Законот за акцизи кои се однесуваат на продажба и трговија со масло за горење екстра лесно ЕЛ-1, или истите да се пренаменат кон регулирање на продажбата и користење на еуродизел горивото и како погонско гориво, но и како гориво за греење, односно како гориво со акцизно повластено користење за што ќе се плаќа повластена акциза со поседување на акцизно одобрение за користење на акцизни повластени добра (еуродизел) издадено од надлежните органи.

Сите овие мерки би требало да ги олеснат последиците од ефектот на оваа пандемија врз домашната економија, односно преку овие промени да се соберат средства за сервисирање на основните јавни функции, но и да се обезбеди економска поддршка за компаниите кои се погодени од кризата.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски