Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Од:

Во август годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,2 отсто на месечно и за 0,4 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јули 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 0,9 отсто и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.

Во споредба со август лани, пак, продажните цени се повисоки во групата Енергија за 3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,4 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто