Зголемени цени на становите, поголема побарувачка за станбени кредити и повеќе издадени одобренија за градба – извештај на Народната банка

Од:

Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот на цените на становите забрза и е над долгорочниот просек и долгорочниот тренд. Цените на становите во текот на 2021 година пораснаа за 6,1%, при што растот е позначителен од второто полугодие на годината. Стапката на раст на цената на становите во домашната економија е малку пониска од просекот за Европската Унија којшто изнесува 8,3%.

Растот на цените на становите во еден дел е одраз на факторите на страната на понудата, како што се зголемените трошоци на градежните материјали и ефектите од пандемијата врз понудата на станови во претходната година. Имено, поради пандемијата беа одложени дел од градежните работи, па се намали понудата на завршени станови во 2020 година, којашто веќе во 2021 година бележи раст. Значителен раст бележи и бројот на издадени одобренија за градење, што упатува на натамошен раст на понудата и во следниот период, во услови кога бројот на непродадени станови исто така расте.

И во 2021 година, се бележи солиден раст на станбените кредити, како еден од изворите за финансирање на трансакциите со недвижности, што придонесува за одржување на побарувачката на овој пазарен сегмент. Станбените кредити во текот на 2021 година пораснаа за околу 14% во просек. Поволните услови на финансирање при ниски каматни стапки, како и пониската ризичност на станбените кредити (коишто се со најниска стапка на нефункционални кредити од 0,6%) се фактори што придонесуваат за раст на станбеното кредитирање на домаќинствата.

Движењата на пазарот на недвижности засега не упатуваат на сериозно зголемување на ризиците за финансиската стабилност поврзани со овој сегмент, но потребно е внимателно следење. Сепак, војната во Украина и неизвесноста што ја носи за домашната економска активност и инфлацијата се фактори на ризик што може да влијаат врз пазарот на недвижности во следниот период. Народната банка и во следниот период будно ќе ги следи состојбите на пазарот на недвижности и ризиците поврзани со него, а подготвена е и за натамошно преземање соодветни макропрудентни мерки, доколку се оцени дека е потребно за зачувување на финансиската стабилност.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра