Зголемена загубата на Twitter, цената на акцијата падна 18 отсто

Од:

Компанијата Twitter во првото тромесечје од годината остари загуба од 162 милиони долари, поради што цената на акцијата на социјалната мрежа потона за 18 отсто, иако нејзините приходи бележат силен пораст.

Според деловниот извештај, објавен во вторникот, приходите на Twitter достигнаа во претходниот квартал 436 милиони долари, наспроти 250 милиони во истиот период лани. И покрај силниот, 74-отстотен раст на приходите, резултатот е сепак послаб од предвидувањата на аналитичаите.

Притоа загубата е зголемена на 162 милиони долари, додека во првиот квартал од минатата година изнесувала 132 милиони.

Бројот на активни месечни корисници на Twitter на годично ниво е зголемен за 18 отсто, на 302 милиони.

Twitter, кој на корисниците им овозможува испраќање на пораки до 140 карактери, е меѓу најпознатите социјални мрежи на светот, а го користат бројни политичари, познати музични и филмси ѕвезди, активисти, спортисти…

Сепак, компанијата не успева да расте толку брзо како Facebook, најголемата социјална мрежа на светот со околу 1,44 милијарди корисници.

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска