Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

Од:

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври годинава изнесува 1.104.918.000 денари, што претставува зголемување за 3,9 проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена 16,5 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 11,2 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата, а намалување кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот и млечните производи.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници