Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

Од:

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во март годинава изнесува 729.769.000 денари, што претставува зголемување за 24,7 проценти во споредба со  март минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 76,8 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 26,7 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските и градинарските растенија, млечните производи и рибата, а намалување кај овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Стапката на невработеност 12.3 отсто

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски