Зголемен товарниот и карго превозот во третиот квартал

Од:

Во третиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72 проценти, во железничкиот превоз за 3,8 проценти, во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на вториот квартал годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,5 проценти, во воздухопловниот за 20,7 проценти, а во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44,4 проценти.

Според статистичките податоци, во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7,9 проценти, а во железничкиот превоз е регистрирано намалување за 46,6 проценти. Во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезени патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5,2 проценти.

Споредено со вториот квартал годинава, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,9 проценти, во градско-приградскиот за 22,4 проценти, во железничкиот за 2,9 проценти, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он