Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е зголемен за 9,5 проценти. Во првите пет месеци од годинава, во однос на  истиот период лани прометот во индустријата бележи пораст од од 9,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај споредено со април годинава статистика евидентира пораст на прометот во индустријата за 0,9 проценти.

На домашниот пазар прометот во индустријата во мај годинава споредено со мај лани бележи пораст за 3,6 проценти, а на странски пазари од 11,8 процент.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во мај оваа година во однос на мај лани бележи опаѓање од 28,4 проценти, а во преработувачката индустрија пораст од 12 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот  бележи пораст кај капиталните производи за 32,9 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти, а опаѓање кај енергија за 97,5 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,9 проценти. Во јуни годинава во однос на јуни минатата година прометот во индустријата е зголемен за 14,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Остварениот промет во индустријата на домашниот пазар во јуни годинава споредено со истиот месец лани бележи опаѓање од 6,3 проценти, а реализираниот промет на странските пазари се зголемил за 27,7 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни годинава во однос на јуни 2012 година, е на исто ниво, а во секторот „преработувачка индустрија“ бележи пораст од 15,8 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај „енергијата за 53,4 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,9 проценти, „капиталните производи“ за 67,2 проценти и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 9,9 проценти. Опаѓање е евидентирано кај трајните производи за широка потрошувачка за 19,6 проценти.

Прометот во индустријата во јуни во однос на мај годинава е намален за 5,1 процент.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата