Зголемен бројот на туристи во Македонија

Од:

Во март годинава Македонија ја посетиле 36.290 туристи што е зголемување за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани. Според Државниот завод за статистика, зголемен е и бројот на ноќевања за 7,5 проценти или изнесувал 78.721.

Бројот на домашните туристи во истиот споредбен период е зголемен за 20,6 отсто, а на странските е намален за 2,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 16 отсто, а на странските за 1,8.

Во јануари-март 2014 во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,8 отсто. Кај домашните зголемувањето е 6,9 проценти, а кај странските останал на исто ниво. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9 проценти, кај домашните туристи за 3,7, а кај странските за 2,3.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ