Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Од:

Бројот на туристите во мај годинава е зголемен за 11,2 отсто, а бројот на ноќевањата за 6,4 проценти во однос на истиот месец лани. Намалување од 3 проценти има кај бројот на домашните туристи, додека бројот на странските туристи пораснал за 20,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава имало 67.588, туристи кои реализирале 152.117 ноќевањата. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,4 отсто.

Зголемување на бројот на туристите од 5,7 отсто се бележи и во периодот јануари-мај 2013 година, во однос на истиот период од претходната година. Кај домашните туристи има намалување за 1 процент, а кај странските зголемување за 10,2 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 6,1 отсто од кои  кај домашните туристи има зголемување за 1,8, а кај странските за 9,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Стапката на невработеност 12.3 отсто

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски