Зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работници во индустријата во февруари е зголемен за 2,5 проценти во споредба со истиот период во 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст од 3,4 проценти има во секторот Преработувачка индустрија, а опаѓање за 4,1 процент во Рударство и вадење на камен и за три проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи забележан е пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 проценти, Капитални производи за 22,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти, додека опаѓање има кај Енергија за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти.

Во периодот јануари – февруари има зголемување на бројот на работници за 2,8 проценти во однос на истиот период 2014 година.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто