Земјоделството, хотелиерството и минералните суровини најинтересини за украинските бизнисмени

Од:

Украинските бизнисмени се заинтересирани инвестирање во земјоделство, хотелиерство, инвестиции во индустриската зона, експлоатацијата на минералните суровини, а пројавиле интерес и за инвестиции во секторот енергетика.

Претставници на Сојузот на стопански комори синоќа имале средба со стопанствениците од Стопанската комора на Украина, при што оствариле контакти со македонски компании од различни стопански дејности, како градежништво, метало преработувачка индустрија, туризам, земјоделство како и производство на вино и вода.

– Главни сектори на интерес се земјоделство, хотелиерство, инвестиции во индустриската зона, експлоатацијата на минералните суровини, а пројавија интерес и за инвестиции во секторот енергетика. Поконкретно по примерот на Русите во Црна Гора, сакаат да градат луксузни хотели, токму затоа денес и планираат посета во Охрид. Во секторот земјоделство се заинтересирани особено за откуп на македонски земјоделски производи од дистрибутивните центри и извоз не само во Украина и Русија, туку и во други делови на Европа. Условите за инвестиции во индустриските зони им изгледаат доста поволни. Украинските компании планираат од Македонија да извезуваат и финални производи од руда., се вели во денешното соопштение од ССК.

На средбата претседателите на Украинската стопанска комора и на претседателот на Сојузот на стопански комори Генади Чижиков и Златко Калеников потпишаа Меморандум за соработка.

Би можело да ве интересира

НБ: Поволни движења во економијата и во третиот квартал

Ана Ололовска

Ребалансот во собраниска процедура, најавена поддршка за повисоки плати и побрз економски раст

Ана Ололовска

Бектеши: До крајот на годината спогодба за „One Stop Shop” на ГП Ќафасан

Ана Ололовска

Според индексот на економски слободи, Северна Македонија најдобро позиционирана во регионот

Ана Ололовска

Анѓушев: Екомијата стабилизирана, рејтинг агенциите потврдуваат дека запловила во мирни води

Ана Ололовска

МФ: „Стандард и Пурс“ повторно го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Република Северна Македонија

Ана Ололовска

Leave a Comment

fifteen − 1 =