Земјоделците преку СМС ќе добиваат информации за временските услови

Од:

Шест агрометеоролошки станици во шест плански региони  ќе бидат поставени до крајот на годинава, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Целта на овој нов проект на Министерството е земјоделците преку СМС пораки да добиваат информации за очекуваните временски услови во нивниот регион со препораки за евентуално третирање со пестициди.

Како што рече министерот Цветков во обраќањето на манифестацијата „Ден на пченицата“, доколку корисниците оценат дека проектот е ефикасен, следната година ќе се постават дополнителни 30 агрометеоролошки станици.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници