Земјоделците од Кумановско аплицирале за системот капка по капка

Од:

Десестина земјодлеци од поширокиот кумановски регион аплицирале на огласот што го објави Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој за системот капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој од 2018 година.

– Најголем број од апликантите поднесоа барање за системот капка по капка, тоа се оние кои имаат овошни насади, кои одгледуваат ореви, лешници, кајсии, праски, изјави в.д. раководителот на кумановската канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Џабир Рамадани.

Помал број од земјоделците кои имаат пластеници и кои одгледуваат градинарски култури аплицирале на овој повик.

Јавниот повик беше објавен на 23 јули и траеше до 21 август. Државата на апликантите на кои ќе им биде одобрено барањето ќе им обезбеди 50 проценти од вложената инвестиција.

Најголем дел од оние кои аплицирале на овој повик се одлучиле за инвестиција од копање бунари, опфаќајќи ги сите елементи до компјутеризација на самиот систем.

Од регионалната дирекција на Куманово информираат дека петнаесетина земјоделци кои подигнале лозови и овошни насади во последните три месеци од минатата година аплицирале за кофинансирање на повикот кој беше објавен во јуни. Државата ја покрива инвестицијата од 50 до 75 проценти во зависност од тоа дали земјоделците се млади, жени. Земјоделците од поширокиот кумановски регион најмногу аплицирале за веќе подигнати овошни насади од ореви, праски, кајсии.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници