Недоволна информираност,
Како што беше речено на денешната конференција „Kредитирање во земјоделството-состојби и перспективи“, дополнителен проблем е и обезбедувањето жиранти зашто во денешно време на криза тешко некој се нафаќа на ваква услуга.
Земјоделците имаат најголема потреба од кредити за капитални инвестиции, а помалку за репроматеријали.
– Земјоделците не се одлучуваат на земање кредии и поради многу високи камати кои се движат од 12-15 отсто, краткиот грејс период, проблемите со исплатата на ратите, а сметаат и дека периодот за враќање на заемот е ралативно краток, изјави Андирја Секуловски од ФФРМ.
Според истражувањето на Федерацијата и Центарот за економски анализи (ЦЕА)спроведено на 100 испитаници, земјоделците сметаат дека за нив најповолна каматна стапка би била од 2 до 7 проценти или во просек до 4 отсто. Сите анкетирани наведуваат дека грејс периодот што го пропишуваат банките е краток и треба да биде подолг особено во сточарството каде треба да изнесува минимум 1 до 2 години, како и во овоштарството каде е најдобро да биде повеќе од 3 години.