Земјоделците бараат прогласување елементарна непогода за житарките

Од:

Да се прогласи елементарна непогода за житните култури на територија на целата држава поради сушата која предизвика намалени приноси на јачменот за 70 и на пченицата за 50 отсто, а обесштетувањето да биде 30.000 денари по хектар, бара Асоцијацијата на земјоделци.

Како што информира денеска на прес-конференција претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев, барањето е доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Земјоделците не сакаат да имаат привилегии или повластувања, туку сакаат да се утврди фактичката состојба со приносите на житните култури. Бараме комисиите формирани за штетите од градот и поплавите, да ги проценат и штетите од сушата, истакна Шаклев.

Според него, сушата пустоши на македонските ниви, а земјоделците трпат големи штети зашто родот ќе биде десеткуван.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници