Земјите од Г-20 ветија – нема да има „валутна војна“

Од:

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите од Г-20 денеска ветија дека нема да манипулираат со своите валути со цел да ги направат конкурентно поспособни, соопштија американските медиуми.

Г-20 на крајот на дводневната средба во Москва прифати заедничко коминике, што соддржи ветувања дека државите од групата ќе се „воздржат од конкурентно обесценување на валутите“ и ќе се „спротивстават на сите форми на протекционизам“.

Рускиот министер за финансии Антон Силванов на прес конференцијата по потпишувањето на коминикето изјави дека земјите од Г-20 се согласиле дека е неопходно да се фокусираат врз засилување на економскиот раст, а не врз „манипулирање на пазарите“.

Некои инвеститори и политичари се загрижени од активностите на Јапонија, која е обвинувана дека се стреми кон намалување на вредноста на јенот за да ја стимулира својата економија и да стекне предност пред другите земји.

Ако премногу држави се обидуваат да ја девалвираат својата валута со цел да извлечат економска добивка, распалувајќи „валутна војна“, тоа може да ја поткопа кревката глобална обнова.

Во коминикето на Г-20 Јапонија не беше изрично спомената, ниту ефектот од нејзините актвиности, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана