Зеќири со 400 амандмани на Буџетот ќе раскринкува политики на ДУИ

Од:

Со 400 амандмани , пратеникот на НДП, Изет Зеќири, сака да им помогне на граѓаните да се одделат пари во буџетот за 2013 за решевање на нивните секојдневни проблеми.

„Сакам да ги дораскринкам и обелоденам некои политики на ДУИ. Не се точни информациите со кои ДУИ излегува во јавнсота дека 25% од Буџетот за 2013 одат за проекти за местата каде живеат Албанци. Ако се анализира Предлог буџетот, кој е во собраниска процедура, ќе се види дека ДУИ прави само  copy-paste  од претходните години, истите проекти кои не се реализирани и сега се превидени во буџетот“, вели Зекири за А1.

Зекири ги посочи патот Тетово-Јагуновце, клучката кај Брвеница, Липково-Никуштак, Гоговиње-Гостивар како ветени и напишани проекти во буџетите, а нереализирани. Три години вели се одвојуваат пари, а не се прави ништо, а таков е примерот со библиотеката во Тетово.

ДУИ, вели само санитарни јазли направи во училиштата во општините, каде има нивен градоначалник.

400-тините амандмани тврди се реални, подготвувани се подолго време, бидејќи знаел дека ДУИ повторно ќе ја игра истата игра со Буџетот како и изминатите години.

Но, вели бидејќи се е договор, спремен е да се договори со министерот за финансии, доколку ги прифати посуштинските амандмани, другиот дел и да го повлече.

Разгледувањето на Предлог-буџетот почнува во понеделник на Комисијата за финансирање и буџет. Во собраниската дебата, според Деловникот нема ограничувања на дискусиите.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов