Завршува проектот за промоција на интересите на македонските фармери

Од:

Во организација на Федерацијата на фармерите на РМ ќе биде одбележано затворањето на проектот „Промоција на интересите на фармерите во РМ“ и десетгодишната соработка со Меѓународната шведска агенција за развој (Сида).

На свеченоста ќе се обрати Претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски и претставникот на Сида, Андерс Хедлунд.

Станува збор за значаен проект, не само за ФФРМ, туку и за Македонија кој даде придонес во развој и јакнење на земјоделското здружување, да се чуе гласот на земјоделцот и заштита на неговите права и интереси.

Во рамки на проектот посебно внимание се посвети на младите и жените фармери со цел и тие да бидат вклучени активно во донесувањето значајни одлуки за развој на земјоделството.

Федерацијата на фармерите на РМ во последните три години самостојно го реализираше проектот поддржан од СИДА под наслов „Промоција на интересите на фармерите на РМ“. Преку него се финансираа активности за надградување и одржливост на организацијата.

Четирите главни цели на проектот се: стратегија за одржливост на ФФРМ, подобрување на организациските капацитети, структура и организациски рутини, пристап до фондови од различни донатори и промовирање и заштита на интересите на фармерите.

Реализацијата на проектот беше технички поддржана од меѓународната консултантска куќа ГРМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

Орце Костов

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

А1он

Федерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетвата

Ана Ололовска

НФФ: Да се реализира мерката за активен женски член во земјоделско стопанство и да се зголеми бројот на одобрени апликации од 100 на 400

Ана Ололовска

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците

Ана Ололовска