Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Од:

Новогодишната кошничка, што траеше еден месец, а со која беа намалени цените на дел од прехранбените производи, заврши. Од денеска ќе се знае дали цените што беа намалени ќе се вратат на старо.

Надлежните се задоволни од новогодишната кошничка бидејќи, според нив, таа дала ефекти и цените на храната и пијалаците во декември бележат намалување во однос на ноември. Граѓаните со забелешка дека нема некоја голема промена во намалувањето на цените, а од опозицијата, ваквите мерки ги оценија како целосно промашени.

Од Министерството за економија и труд очекуваат ефектите од новогодишната кошничка да се потврдат и со статистичките податоци за јануари во однос на декември и најавуваат дека ќе се продолжи со мерки и политики со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните.

– Се очекува и во статистичките податоци за јануари 2025 година во однос на декември 2024 година да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалаци. Благодарност до сите производители, дистрибутери и трговци кои се приклучија и учествуваа во оваа акција и ги намалија цените на прехранбените производи и на дел од пијалаците за време на новогодишните и божиќните празници, велат од Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дебакл и на новогодишната кошничка

СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени

Новогодишната кошница беше успешна, тврди Министерството за економија

СДСМ: Платите стагнираат, трошоците за живот растат – ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните

Трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски

Левица: Новогодишната кошничка празна, но полни се џебовите на олигархијата

Горан Наумовски