СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени

Од:

Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден како последица од погрешните економски политики на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таканаречените „кошнички“ се покажаа како целосно промашување. Наместо да го олеснат животот на граѓаните, тие предизвикаа уште поголема скапотија и го срушија стандардот на граѓаните, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%. Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока. Овие податоци јасно укажуваат дека политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и погрешни. Сите предлози на СДСМ беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ со невидена тврдоглавост и арогантност. Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада. Оваа политика ја потврдува неговата поданичка позиција кон бизнис интересите и ја зголемува економската несигурност на семејствата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите