Според податоците од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка, сеидбата на житни култури во Крива Паланка и Ранковце е завршена.
Комплетно е реализирано сеењето на сите житни култури предвидени со годишнито план за есенска сеидба. Засеани се вкупно 1.670 хектари од кои 1.440 се засеани од страна на индивидуални земјоделци, а 230 од земјоделски претпријатија.
Најголема површина е засеана со јачмен, 830 хектари од кои 700 од индивидуални земјоделци, а 130 од земјоделски претпријатија. Пченица е засеана на површина од 700 хектари, на 80 хектари е посеан р’ж, а на останатите други житни култури, луцерка и тритикале.
Од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека условите за сеидба биле оптимални, со доволно количество влага, а по сеидбата паднал дожд, што е исто така идеално за посевите, дополнително, штитејќи го семето од штетници, пред се птици, кои го разнесуваат во услови на суво време.Велат, р’тењето е отпочнато и очекуваат добар принос.