Завршена е пролетната сеидба во Делчевско

Од:

Завршена е пролетната сеидба во Делчевско при што со најразлични култури засеана е површина од околу 700 хектари. Како што истакна денеска раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од Делчево, Блаже Костадиновски, комплетно е завршена седибата на сите планирани површини.

– Вкупно засадени житни култури има на 345 хектари, од индустриски култури засадени се 11 хектари, градинарски култури 188 хектари и фуражни култури на 140 хектари. Од планираните површини намалување за 30 птоценти има кај индустриските култури, кои најмногу се однесуваат на засадените површини со тутун кои годинава се засадени на 11 хектари, па има отстапка во споредба со ланското производство кога беа засадени 14 хектари со тутун, рече Костадиновски.

Тој додаде дека заклучно со 31 мај оваа година, според податоците добиени од фирмите откупувачи на тутун во Делчево, за 2017 година склучени се вкупно 50 договори за договорено годишно производство од околу 20 тони.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници