Запознавање на земјоделците од Македонска Каменица со новите мерки и програми

Од:

Во организација на општина Македонска Каменица во Домот на култура ќе се оддржи презентација на новите владини мерки и програми за земјоделците.

Според градоначалникот Соња Стаменкова, на едукативната средба со земјоделците од Општината ќе бидат презентирани и новите начини, форми и можности за аплицирање за средства преку програми и проекти до ЕУ фондовите.

– Презентацијата ќе биде одлична можност земјоделците на непосреден начин да се запознаат со новините, можностите и поволностите кои ги нудат Владата и отворените ЕУ фондови за развој на земјоделството. На средбата ќе биде опфатена и можноста за размена на мислења со земјоделците, за сугестии и прашања од претставници на локалната и централната власт, рече Стаменкова.

На средбата ќе биде присутен и раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Иле Каранфиловски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници