Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2025“

Од:

Шеста година по ред македонската јавност ќе гласа за најпосакуваниот нов автомобил на изборот за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија, Авто Плус, во соработка со ко-организаторите Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата, а во конкуренција влегуваат возила кои се веќе пристигнати или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето.

Листата на автомобили оваа година ја сочинуваат 20 кандидати, модели од различни класи, како и брендови кои за првпат влегуваат во ова гласање, распределени во пет категории:

Најпосакуван семеен автомобил:
BAIC X55D
Dacia Duster
Ford KUGA
Geely Starray
Link&CO 01
Haval Dargo
Opel GRANDLAND

Најпосакуван градски автомобил:
VW Taigo
Fiat 600
Geely Coolray
Link&CO 01
Ford PUMA

Најпосакуван електрифициран автомобил:
Porsche Macan
Nissan Qashqai
Renault Rafale
Link&CO 01
Peugeot 3008

Најпосакуван премиум автомобил во Македонија:
Audi A5
Mazda CX80
Porsche Macan
Alfa Romeo Junior

Најпосакуван автомобил во Македонија – Главна награда
Cupra Formentor
Citroen C3
Dacia Duster
Geely Coolray
Peugeot 3008
Renault Rafale
Opel GRANDLAND

Во изминатиот период од 45 дена, а и во периодот што следи, споделените искуства и мислењата за секој од автомобилите, организаторите дополнително ќе ги промовираат на нивните медиуми.

Гласањето започнува утре, 15ти март и трае до 31ви март 2025 година, а ќе се одвива на официјалната веб страница каде што секој поддржувач на автомобилската индустрија во Македонија ќе може да го избере својот фаворит на четири тркала.

Би можело да ве интересира

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Професор Станковиќ : Потребна ни е поголема синергија меѓу универзитетите, стопанството и државната администрација.

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада