Започна жетвата на јачменот во Кочанско

Од:

Во Кочанско започна жетвата на житните култури. Земјоделците од селата Тркање, Бање, Соколарци и Спанчево ги ожнеаја првите површини под јачмен, кои во кочанскиот регион се застапени на површина од 3.336 хектари.

Приносите, како што истакнуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани, се под очекувањата, пред се поради пролетните мразеви.

Под житни култури во Кочанско се насеани 6.606 хектари од кои пченицата е засеана на 3.085 хектари, ржта на 110 хектари, овесот на 25 хектари и другите житни култури на површина од 20 хектари.

Земјоделците годинава очекуваат намалени приноси и кај пченицата за 20 до 30 проценти, што е резултат на лошите временски услови посебно во зимскиот сушен период во регионот.

Жетвата на пченицата се очекува да започне за неколку дена за што ќе бидат вклучени десетина приватни комбајни и останата механизација. Одгледувачите на пченица од Кочанскиот производен регион очекуваат зголемена цена на лебното жито при откупот.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници