Започна исплатата на субвенциите за земјоделците

Од:

Министерството за финансии денеска започна со исплата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник со која ги отстранува законските пречки за исплата, соопшти кабинетот на министерот за финансии.

– Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа, се наведува во соопштението.

Министерството за финансии, стои во текстот, остана доследно на спроведување на законската регулатива и покрај бројните шпекулации во изминатиов период.

– Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии започна со исплата на субвенциите кон земјоделците, се посочува во соопштението од кабинетот на министерот за финансии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан