Западен Балкан: Тешко остварлива царинската унија

Од:

Дојче веле – Бон

Дали е можна и дали е потребна потесна економска соработка во регионот на Западен Балкан? За тоа разговаравме со неколку експерти, но и за политичката позадина на таа иницијатива.

На состанокот со премиерите на земјите на Западен Балкан во Сараево кон средината на март повторно беше изнесена старата идеја за основање на регионална царинска унија со цел за развој на економиите. Иницијативата во оваа прилика ја поттикна српскиот премиер Александар Вучиќ, а му секундираше Јоханес Хан, комесар на Европската комисија за проширување, но новиот план се разликува од претходните верзии. Имено, во однос на варијантата која беше актуелна кон средина на минатата деценија, на пример, денешната состојба ја исклучува или барем во голем дел ја потиснува Хрватска како можен учесник на таквата унија, со оглед на нејзиниот влез во ЕУ во 2013 година.

Сеедно, имајќи го предвид трговскиот суфицит од останатите земји, како и некои реформски економски предности, Хрватска неофицијално и начелно попрво ссе поставува во одбрана на статус кво. Бидејќи, промените според околностите би можеле да ја анулираат подобрата економска позиција во однос на источното соседство, со тоа дека Хрватска веќе претрпе одредени лоши ефекти поради напуштањето на регионалниот трговски договор ЦЕФТА, а по влезот на ЕУ. Но, поради многу деликатниот економски (дис)баланс на самиот регион, разговаравме со неколку експерти за теоретските изгледи за евентуална идна царинска унија на Западен Балкан. Колку е таа можна и кои би и биле предностите и недостатоците, како и што стои во пошироката политичка позадина на иницијативата?

Опасна невидлива рака на пазарот

„Мислам дека посреди е еден уште недовршен план за развој и политичко смирување на овој дел од Европа” – ни рече економистот Љубо Јурчиќ, поранешен министер за стопанство на РХ кој во свое време и лично учествувал во наведени слични преговори. „Со влезот на Хрватска и Словенија во ЕУ, се зголеми јазот кон остатокот на земјите од поранешната заедничка држава, но и економиите, бидејќи тие земји со децении се развиваа во висока компатибилност со слични процедури и склоности. За жал, денес во ЕУ растат уште поголеми разлики, со бројни дебели ѕидови. Затоа порано и сугерирав дека најголема помош од ЕУ на овој регион би било поттик за понтензивна соработка на дотичните земји, со конвергирање во Европа”.

Јурчиќ смета дека односите на Западен Балкан повеќе не смеат да се препуштат на т.н. невидлива рака на пазарот на која што е склона Европа, но и целиот Запад. Меѓу другото, тоа значи социјалните приоритети наспроти интересите, примарно, капиталот; тоа значи и рамноправност меѓу дотичните земји. „Ни треба нова форма на регионална соработка која задоволува јасна цел” – инсистира Љубо Јурчиќ, „а тоа не би била класична царинска унија, бидејќи веќе имаме слични паралелни сојузи, но треба да содржи елементи на кооперации, спојување на ланците за снабдување, како и производните ланци, покрај на пример заеднички настапи со производи во трети земји, како и соработка во истражувањата и развојот”. Од друга страна, економскиот консултант Жарко Приморац, инаку поранешен министер за финансии на Босна и Херцеговина, ја поздравува перспективата за можна потесна економска соработка на Западен Балкан и смета дека така треба да реагира и Хрватска.

Приморац исто така се повикува на традиционалните заеднички одлики на поединечните економии во регионот, притоа земајќи ги предвид и некои нивни недостатоци, а не само доблести: „Добро поставена и организирана царинска унија секако би придонела за развој на економската соработка и динамизирање на економскиот развој во регионот. А некако само по себе се подразбира дека иницијативата ја покренува Србија која има најголем економски потенцијал и најголем пазар и веројатно е најблиску во приклучувањето во ЕУ, колку и да е тоа далеку. Второ прашање е дали зад таа иницијатива има некои политички интереси на спротивставените политички групации кога се работи за иднината на Балканот”.

Нецаринските бариери како проблем

Според ставот на овој наш соговорник, разни „големи играчи” настојуваат да го прошират влијанието на Балканот: ЕУ, посебно Германија, потоа САД, Русија, Турција. „Затоа и иницијативата за царинска унија е во сенка на тоа. Впрочем, секоја економска групација, како и да е организирана, така и во самата ЕУ, е политички толку колку што е и економски проект” – истакна Жарко Приморац. Но, босанско-херцеговската економска аналитичарка Светлана Цениќ става акцент на фактот дека царинската унија во регионот веќе функционира преку ЦЕФТА; поголем проблем претставуваат нецаринските бариери, при што односот не оди во прилог на нејзината земја.

Исто така, таа се прашува што во иднина треба да биде со недоволно искористените постоечки економски договори меѓу Бих и Турција и меѓу Србија и Русија.

„Точно е дека со единствениот пазар би се отворил поголем простор за стопанството и дека сме потпрени едни на други. Но, мораме да водиме сметка за конкурентноста на стопанствата и нивната сила внатре во унијата, како и за заштита на домашното производство и инвестициите во поединечните земји. Или некои членки ќе реализираат многу поголема корист во однос на тие кои не успеваат да создадат стимулативен економски простор. А властите во БиХ долги години работат на штета на своето стопанство и на своите граѓани па мора да се води сметка дали со истите блокади и експерименти ќе влеземе и во царинската унија” – недвосмислена е Цениќ, инсистирајќи на потреба на внатрешна хармонизација во БиХ во прв ред, а дури потоа да се земе предвид можност за рамноправна регионална соработка.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека