Занаетчиите бараат да се допрецизира Законот за недела неработен ден

Од:

Дел од занаетчиите повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден.

Според претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија Агрон Фазлији, некои занаетчии од услужните дејности укажуваат дека одредбите од Законот се нејасни, а најмногу реагираат оние што нудат услуги поврзани со свечености (фризери, бербери, козметичари), како и бурекџиите и производителите на бели печива.

-Веќе почна да се јавува огромен револт од страна на одредени услужни дејности и со право, затоа што се спречени во нивната работа и покрај гаранциите дека ќе го почитуваат законот и одредбите кои произлегуваат од законот. Законот и одредбата на законот не се јасни затоа што во еден од ставовите на законот се вели: „дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став врз основа на склучен договор со работодавецот од дејностите од овој став и работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот. Овој став треба да се појасни и да се прецизира затоа што ако дозволува работа со следниве ставови од законот-фотографски дејности, -креативни, уметнички и забавни дејности, филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, тоа се автоматски дејностите кои треба да работат во нашата фела и се опфатени со став и имаат карактер на помошни и придружни дејности за непречено извршување на основната дејност на работодавецот, изјави претседателот на Комората.

Според него, фризерско-козметичарската дејност, кројачката дејност, белите печива и бурекџилниците се во категоријата помошни дејности и би можеле да работат согласно ставот „дејноста за подготовка на оброци и служење на храна“.

-Затоа бараме правно читање на Законот и на овие дејности да им се овозможи да работат непречено во недела, почитувајќи ги сите законски одредби кои произлегуваат од Законот за неработен ден недела, истакна Фазлији.

Од Комората стравуваат дека ако не се допрецизира Законот, тогаш само ќе се поттикне сивата економија.

Би можело да ве интересира

Синдикатот е против враќањето на „работна“ недела

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он