Замрзнувањето на маржите на одредени производи продолжено до 30 април следната година

Од:

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 115-та седница.

Владата, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, на предлог на Министерството за економија.

Со одлуката, замрзнувањето на маржите при продажбата на одредени производи, продолжува да важи и по 31 декември, односно, како што е предвидено во новата одлука, до 30 април 2023 година.

Опфатот на мерката, како и досега, продолжува да се однесува на: белиот леб, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), со 5% трговска маржа за трговците на големо (и производителите) и трговците на мало; како и за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт со 10% трговска маржа за трговците на големо (и производителите) и трговците на мало.

Дополнително на тоа, Владата на Република Северна Македонија овозможи од 1 декември оваа година домашните производители на основните прехранбени производи да користат субвенционирана електрична енергија, сѐ додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија.

Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да има и корегирани цени.

Би можело да ве интересира

„ВЕРО“ со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

Горан Наумовски

Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Горан Наумовски

СДСМ: Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни