Замрзнати цените на огревното дрво и на пелетите

Од:

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев информираат од прес службата на Владата.

– Согласно одлуката, највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за метар просторен (МПР) односно до 6.429 денари за метар кубен (м3). Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ДДВ и транспорт. Највисоките цени на стоките од оваа одлука ќе се применуваат до 31 декември 2022 година. Во исто време, Владата донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало со која што беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10% се вели во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Две кривични пријави за вработен во „Национални шуми“-Подружница „Беласица“ од Струмица

СДСМ го поднесе истиот предлог за ДДВ за пелети кој пред два дена му го одби на ВМРО-ДПМНЕ

A1on

Царина ги проверува лажните фактури од увоз на пелети, а резултати од истрагата после грејната сезона

A1on

Трговците на пелети во Царина пријавувале лажни фактури, Бектеши ги повика надлежните веднаш да постапат

Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите

А1он