Законските измени за нафтените резерви на второ читање во собраниската Комисија за финансирање

Од:

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати во второ читање денеска е единствена точка од дневниот ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Предлогот на 28 јануари годинава го помина првото читање во рамки на 81. пленарна седница. Тогаш министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека со измените ќе се регулира начинот на продажба на задолжителните нафтени резерви во случај на настанување нафтена криза, како и во исклучителни ситуации кога ќе се јави потреба да се изврши обновување на дериватите. Со измените, рече, се врши и усогласување со одредбите од новиот закон за енергетика и се овозможува Дирекијата за задолжителни резерви да изврши обновување на нафтени деривати во постапка која ќе ги минимизира претпрените загуби.

-Во постојниот Закон за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати воопшто не е регулирана продажбата за обновување нафтени деривати, односно е регулирана само продажбата на деривати во задолжителните резерви во случај на нарушување на енргетската ефикасност и тоа по пат на јавно наддавање согласно прописите, укажа Тевдовски.

Но, ВМРО-ДПМНЕ повика Владата да го повлече ваквото законско решение зашто со него, како што истакна пратеникот Драган Цуклев, на македонскиот пазар ќе се овозможи влез на исклучително неквалитетно гориво.

-Правите вовед во катастрофа. Се работи за нафтените резерви во кои се чуваат стари горива со драстично намален квалитет. На пазарот ќе се јават бензин 95 и екстра лесно гориво со многу лош квалитет кои ќе влијаат негативно врз економијата и аерозагадувањето. И така на пазарот врие екстра лесно за транспортни цели, ова ќе биде дополнително вбризгување неквалитетно гориво за комерцијални цели. Не може ни да се предвиди колкави ќе бидат штетите од донесувањето на овој закон, предупреди Цуклев.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов