Заев: Време е да се испорачуваат економски резултати

Од:

Пред нас е економска година во која парите на народот уште повеќе ќе одат во проекти за поддршка на граѓаните од сите категории, особено најранливите. Промовиравме ново, праведно оданочување, реформа на пензискиот систем и зголемување на социјалната благостојба. Со буџетските промени за 2019 најавуваме пресвртница во економските политики. Силниот фокус на евроатлантските интеграции го зајакнуваме со Буџет за растечка економија, за социјална ораведност, за поквалитетни здравствени услуги и за подобро живеење на сите.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со министерто за финансии Драган Тевдовски ги презентираа проекциите на Буџетот за 2019 година.

Како што рече Заев, фискалната политика на Владата за 2019 година е во функција на обезбедување економски раст, социјална сигурност и забрзано евроатланстко интегрирање. Дизајниран е да ја одржи макроекономската стабилност и да овозможи фискална консолидација.

Премиерот уште еднаш најави дека ќе продожи растот на платите и на вработувањата во приватниот сектор.

– Просечната нето плата ќе продолжи да расте и се очекува да изнесува 4,5 проценти на номинална основа, проекцијата за раст на бројот на вработените е 2,1 процент што ќе придонесе просечната стапка на невработеност да се намали на околу 20 отсто, нагласи Заев.

Министерот Тевдовски, пак, најави капитални проекти во патната, железничката и енергетската инфраструктура, како и вложувања во земјолеството. Тој очекува економскиот раст да се придвижи поради зголемената лична потрошувачка.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година