Заев во посета на Тиквешкиот регион: Низ конкретни мерки се грижиме за лозарите, продолжуваме да вложуваме во земјоделството

Од:

Претседателот на СДСМ заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски денеска е во посета на Тиквешкиот регион.

Во рамки на агендата, Заев и Николовски беа во посета на винарницата „Тиквеш“ каде се сретнаа со лозари и производителите на вино од овој регион.

Во изјава за медиуми дадена од Неготино, претседателот Заев се осврна на мерките и политиките што СДСМ ги презема за лозарите и земјоделците.

„Денеска, на празникот Свети Трифун сме во посета на Тиквешкиот регион препознатлив по лозарството и производството на вино, кои се далеку прочуени како висококвалитетни производи.

Во разговорите со лозарите и производителите на вино заеднички се сложивме дека има простор за уште поголема поддршка и помош кон оваа земјоделска гранка која е и тоа како значајна за нашето стопанство.

Во изминатите две и пол години како централна и локална власт покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците, вклучително и лозарите.

Конкретно овде, во Тиквешијата, државата презеде обврска и го реши долгогодишниот проблем со предаденото а неплатено грозје во приватните винарници.

Денес долгот кон овие лозари е исплатен. Се исплатија над 1,2 милиони евра кон над 2.000 лозари од овој регион.

Со измените на Законот за вино се олеснуваат условите за производство на вино на малите винарници и на физичките лица производители на вино, што е тековен тренд во светски рамки и влијае позитивно на развојот на винскиот и руралниот туризам.

Сите измени се во насока на остварување на поголеми приходи за визбите и за лозарите, но и поголем извоз на вино и девизен прилив.

Преку низа на реални мерки и политики сериозно вложувавме во земјоделството и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина.

Продолжуваме да се бориме за нови пазари, да обезбедуваме сигурен пласман и добри откупни цени.

Новата програма во делот на земјоделството содржи квалитетни решенија кои имаат за цел уште повеќе да го унапредат земјоделството.

Меѓу нив секако е и зголемувањето на процентот на субвенционирање на нафтата за земјоделска механизација кој од 30 го зголемуваме на 50 отсто.

Како одговорна партија продолжуваме да го слушаме гласот на граѓаните и заеднички да работиме на решенија за нивните потреби.

Остануваме посветени на подобрување на условите во земјоделството, со цел оваа стопанска гранка да ја направиме што поатрактивна за нашите граѓани, изјави Заев при посетата на Неготино.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници