Заев: Влезот во НАТО е важен за зголемувањето на инвестициите

Од:

Премиерот на Македонија, Зоран Заев денеска кажа дека 75,8 отсто од граѓаните на Македонија се за НАТО и ЕУ, а со тоа и оваа Влада и сите политички субјекти во државава се определени во тој правец.

Посочи дека една од најважните причини е економијата и економските придобивки за граѓаните.

– НАТО да, значи безбедност и стабилност, НАТО пред се значи економски раст, економски инвестиции, работни места, поголеми плати и перспективи пред се економски, истакна Заев.

Тој за пример ја посочи Бугарија, каде што по параметрите коишто ги имаме изучувано до своето членство во НАТО има странски инвестиции во просек од околу 450 милиони евра. Во контекст на тоа, додаде дека кога станува земја членка на НАТО инвестициите растат повеќе од шест милијарди.

Во Албанија пак, како што истакна, инвестициите се пет пати зголемени во наредната година откако таа стана членка на НАТО.

– Ова го кажувам заради важноста од многу аспекти. Пред се од економскиот аспект да се биде членка на НАТО да се одбие охрабрување многу значајно за домашните и странските инвеститори којшто се вика датум за отпочнување преговори со ЕУ, рече Заев.

Тој кажа дека во моментов сме пријатели со сите и дека преку пријателска атмосфера ќе ги промовираме условите коишто се охрабрувачки.

– Некој да заложи дома се што има, да земе кредит, да инвестира во Македонија за да плаќа даноци, да дава плати и кога ќе заработи тој профит пак да го даде во нови плати и во нови даноци, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Катерина Ѓуровски

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он