Заев: Со нови мерки ќе бидат опфатени сите економски оператори кои ќе бидат затворени овие две недели

Од:

Постоиме како држава за да помогнеме и да бидеме од помош и затоа сите економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени заради третиот бран на коронакризата ќе бидат опфатени со нови мерки, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Во моментов, приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните. За сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе излезе во пресрет. За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството, на работниците, на нивната ликвидност, на потрошувачката ни враќа во Буџетот пари. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека како и во вонредната состојба, угостителските објекти кои вршат достава може да продолжат да го прават тоа и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење.

-Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, тејк-веј или ту-гоу без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, посочи премиерот.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница