Заев: Повеќе пари за поддршка на вработените и за стабилност на работните места

Од:

Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места. Поддршката за исплата на плати продолжува да важи и за последниот квартал од годината (за октомври, ноември и декември), објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Новост во мерката е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал, наведува Заев.

Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места. ??? Поддршката за исплата на…

Posted by Zoran Zaev on Недела, 04 октомври 2020

Тој посочува дека вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра и за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

– Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти