Заев: Комитетот за земјоделство се фокусира на системски мерки за продуктивно и одржливо земјоделско производство

Од:

Комитетот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарна политика е во целосна функција за креирање на системски решенија за примена на позитивни европски практики, кои ќе придонесат за предвидлив и поволен деловен амбиент за одржливо и продуктивно земјоделство, порача премиерот Зоран Заев на денешната конститутивна седница на ова владино тело со кое тој претседава.

На седницата на Комитетот, информираат од владината прес-служба, се отворија повеќе теми од секторот земјоделство, за кои беа презентирани идни мерки и активности. Во фокус на дискусијата беше начинот и постапките за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, што е од исклучителна важност за земјоделците. Купувањето на земјиштето значи можност за нови инвестиции и производство, што ќе влијае на развојот на земјоделството и вкупната економија.

На оваа седница една од точките беше и воспоставување на концептот за развој на земјоделски осигурителен пул, кој согласно европските практики ќе придонесе за зголемување на процентот на земјоделското осигурување, што е од големо значење во услови кога има штети.

Дополнително се дискутираше за редизајнирање на интегрираниот административен контролен систем (ИАКС), во функција на спроведување ефикасни политики за имплементирање и мониторинг на мерките за директни плаќања и рурален развој.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство беше презентирана информација за превенција од евентуални опасности од африканската свинска чума и болеста син јазик, која што влијае врз намалување на добиточниот фонд.

На седницата на Комитетот учествуваа и вицепремиерот за економски прашања, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за животна средина и просторно планирање, за финансии, за труд и социјална политика, заменик – министерот и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и директорите на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Државен инспекторат за земјоделство, Фитосанитарна управа, ЈП Македонски шуми, ЈП за стопанисување со пасишта и на АД Водостопанство.

Беше заклучено дека во континуитет ќе се следат светските трендови во земјоделството и согласно тоа ќе се креираат соодветни мерки за унапредување на домашното земјоделство.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар