Заев: Клучно е како влегол мазутот во државата, ќе им се одземат лиценците на неколку компании

Од:

Вината треба да се гледа како влегол мазут, нафта, бензин во државата и тука треба да се утврдат одговорностите. Досега е утврдено дека сулфурот не е проблем, тоа е во рамките на параметрите (еден процент), но проблем е поголемото количество на вода кое е дојдено до некои четири проценти и поголемо количество пепел во самите количини, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од Зоран Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев информира дека се изготвуваат решенија за забрана на вршење на дејност на две или три компании во кои не е најдено вишок на сулфур, но е најдено вишок на вода заради кондензација и пепел што е надвор од стандардите.

– Согласно тоа ќе има решение за забрана на врешење на дејност на тие компании, но истовремено при самите контроли се увидени нови недостатоци како што се држење на неопходните залихи од најмалку пет проценти како основ за добивање на дозвола за увоз на нафта, соодветно на тоа ќе дадат предлог за одземање на лиценца до Регулаторната комисија, вели Заев.

Сите институции задолжени од Владата да постапат и целосно да го истражат случајот поврзан со сомневања за увозот на нафтени деривати опасни по здравјето на граѓаните и животната средина, вели Заев, ги презентираа во јавноста досегашните постапувања по владините задолженија и идните предвидени активности на работниот состанок.

Резултатите, како што посочи Заев, надлежните институции ќе ги соопштат на истекот на 14 дена.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јахоски