За социјалните случаи државата нуди земјоделско земјиште

Од:

На социјалните случаи државата им  нуди земјоделско земјиште. Во јавниот повик се огласени повеќе од 854 хектари земјоделско земјиште во Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Дебар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Велес, Штип, Гази Баба и Чаир.

Времетраењето на плодоуживањето за кое се издава земјоделското земјиште изнесува пет години.

Заинтересираните лица, корисници на социјална парична помош, можат да поднесат барање за доделување земјоделско земјиште најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сите информации, услови и критериуми заинтересираните лица – корисници на социјална парична помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, како и до надлежните центри за социјална работа и центрите за вработување или да ги посетат веб страните на министерствата www.mzsv.gov.mk  и www.mtsp.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар